Навивачите на Вардар, популарните „Комити“ со порака на социјалните мрежи најавија враќање на натпреварите на својот омилен клуб. В сабота на стартот на новата сезона во ПМФЛ, поради пандемијата ос коронавирусот, натпреварите ќе се играат без присуство на публика на трибините, но „Комити“ се организираат да се соберат пред Западната трибина и од таму да им дадат поддршка на „црвено-црните“.

Во апелот се вели дека сите кои ќе присуствуваат на мечот пред Западната трибина мора да дојдат со заштитни маски за да се испочитуваат мерките за заштита.