Навивачите на Арсенал можат малку да здивнат, бидејќи најдобриот стрелец во тимот, Пјер-Емерик Обамејанг по се изгледа ќе остане на „Емирати“. „Скај Спортс“ објави дека Габонецот е многу близу до потпишување на нов тригодишен договор, и дека сè ќе биде официјализирано во наредните денови.

Според новиот договор, Обамејанг ќе заработува 250.000 фунти неделно, што ги бараше уште од почетокот на преговорите за нов договор, а Арсенал реши да му го даде по одличниот натпревар во финалето на ФА Купот.

Престојот на Обамејанг е секако најголемото засилување за Арсенал ова лето, а клубот сега ќе може да се фокусира и на доведување на други играчи.