Централната банка на Либан обезбеди бескаматни заеми за оштетените од експлозијата

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Централната банка на Либан обезбеди бескаматни заеми за оштетените од експлозијата

Централната банка на Либан им нареди на банките и другите финансиски институции да обезбедат бескаматни заеми за оштетените од смртоносната експлозија што го потресе Бејрут во вторникот, пренесува „Спутник“.

Според монетарната власт, заемите одобрени во американски долари треба да се вратат во рок од пет години.

Во смртоносната експлозија во либанската престолнина загинаа најмалку 137 луѓе, а околу 5.000 се повредени, според локалните здравствени власти.

Половина од градските згради се сериозно оштетени, а болниците се преполни поради големиот број жртви на експлозијата. Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата.

Голем број на земји во светот, вклучувајќи ги и соседите од Либан од Блискиот Исток, веќе ја понудија својата помош за Бејрут.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата