ЕУ му понуди помош на Либан

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ му понуди помош на Либан

Европската Унија е подготвена да му помогне на Либан со овластена трговија и царинска поддршка, за да таа земја ги санира последиците од страотната експлозија во Бејрут, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен.

„Комисијата е подготвена да испита како може да ги подобри нашите трговски односи во ова предизвикувачко време, особено во смисла на понатамошна преференцијална трговија и олеснување на царината“, рече Лаен по телефонскиот разговор со либанскиот премиер Хасан Диаб.

Во посета на Бејрут денеска е францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така даде поддршка на земјата по катастрофалната експлозија, која одзеде голем број животи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата