Нема да се плаќа данок за унгарската „ВОДА НА ЖИВОТОТ“ - ПАЛИНКА

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема да се плаќа данок за унгарската „ВОДА НА ЖИВОТОТ“ - ПАЛИНКА

Министерството за финансии на Унгарија ја разгледува можноста за ослободување од данок на пaлинка, националнaта „вода на животот“, и тоа уште во 2021 година, една година пред неодамна издадената директива на Европската унија да ја дозволи преференцата, изјави државниот секретар на Унгарија, Андрис Талаи за „МТИ“.

Талаи истакна дека директивата на ЕУ 2020/1151 - од 29 јули 2020 година - им дозволува на земјите-членки да ослободат од данок овошен дестилат за домашна употреба до 50 литри годишно од 1 јануари 2022 година.

Тој рече дека парламентот  уште наесен може да гласа за мерките на директивата на ЕУ во националното законодавство.

Директивата на ЕУ 2020/1151 дозволува целосно ослободување од данок за овошен дестилат кој го консумира приватно лице,  членовите на неговото семејство или неговите гости, под услов истиот да не се продава и кој е произведена од тоа приватно лице, а овошјето да е одгледувано и снабдено од земјиште во негова сопственост.

Директивата на ЕУ, исто така, предвидува дека државите членки мора да утврдат услови за да спречат какво било даночно затајување, избегнување или злоупотреба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата