Глечер на Монблан само што не се распаднал, итно се евакуира населението

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Глечер на Монблан само што не се распаднал, итно се евакуира населението

Дел на глечерот „Грандес Џoрасес“ во италијанскиот дел од масивот Монблан само што не се распаднал заради топлината, поради што започна евакуација на десетици жители и туристи, објавија локалните власти.

Околу 500.000 кубни метри мраз се одвоиле од глечерот „Планпинкикс“, во областа Курмајер, се наведува во соопштението од општината во регионот Вал д’Аоста, кој граничи со Франција.

Властите се загрижени поради високите температури.

Неколку патишта што водат кон долината Вал Ферет се затворени. Властите наредија евакуација на околу 30 куќи во „црвената зона“ во долниот дел на Вал Ферет.

Од полицијата и цивилната заштита од утрово спроведуваат операции за евакуација и безбедност, додека локалните власти се загрижени за високите температури наредните три дена.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата