Уапесен мигрант кој двапати вандализирал грчка катедрала

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапесен мигрант кој двапати вандализирал грчка катедрала

Грчката полиција уапсила 38-годишен алжирски мигрант кој предизвикал штета на една катедрала двапати за помалку од една недела, пренесува „Прото Тема“.

За мигрантот се вели дека во неделата ја нападнале митрополиската црква Агиос Минас, катедрала во Хераклион, најголемиот град на островот Крит. Тој фрлал камења и ги оштетил витражните прозорци на катедралата, а го оштетил и прозорецот на книжарницата на Архиепископијата на Крит.

Мигрантот потоа се вратил во катедралата во вторникот наутро вооружен со чекан и почнал да крши една врата. Полицијата ги анализирала видео-снимките и успеала да го идентификува алжирскиот државјанин и да го смести во притвор.

Инцидентот е последниот чин на вандализам насочен кон црква во Грција од страна на мигрант. Минатиот месец двајца мигранти беа уапсени на островот Хиос откако ограбиле православна христијанска црква одземајќи пари и разни свети предмети.

Пред само еден месец, полицијата во Солун уапси 36-годишен мигрант од Казахстан, кој е осомничен за кражба на стока од неколку цркви во околината во вредност од дури 50,000 евра.

Грција не е единствената земја во Европа што сведочи на антихристијански напади врз цркви и други места на богослужба. Вандализмот и кражбите во црквите низ Франција станаа вообичаени, при што во еден извештај се вели дека во земјата секој ден има дури три напади на христијански места, вклучително и сквернавење на гробишта.

Последниот напад се случи минатиот месец во градот Нант, при што еден мигрант од Руанда подметна пожар во катедралата Свети Петар и Свети Павле.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата