Локалните власти во Британија добија овластување да ги урнат „контаминираните“ згради

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Локалните власти во Британија добија овластување да ги урнат „контаминираните“ згради

Во стаписувачко преземање на власта од страна на британската влада, локалните совети се подготвени да добијат овластување за уривање згради за кои се смета дека се епицентри на коронавирусот низ целата земја, пренесува „Телеграф“.

Објавена минатиот месец – без многу врева –  Рамката за контролирање на Ковид-19 на Министерството за здравство и социјална заштита утврди серија закони, вклучувајќи го и Coronavirus Act 2020, што локалните власти ќе можат да ги користат за да спречат разгорување на пандемијата на Ковид-19.

Документот ги информира советите дека според Законот за јавно здравје (контрола на болести) од 1984 година, тие можат да побараат од судот да наметне ограничувања или барања за затворање на контаминирани простории; затворање на јавни места во областа на локалната власт; заплена на средство за транспорт или подвижна структура; дезинфицирање или деконтаминирање на простории; или да нареди да се уништи зграда, транспортер или градба “.

Советодавниот долумент беше откриен од „Телеграф“,кој се посочува дека овластувањата може да резултираат со уништување на домови за нега, канцеларии, фабрики, па дури и приватни домови, ако сметаат дека е потребно. Возилата за јавен превоз, како што се автобуси и возови, приватни автомобили, па дури и авиони може да бидат предмет на уништување од страна на владата.

Документот, исто така, им дава овластување на советите да затворат одредени бизниси и места (продавници, кафулиња, спортски сали, центри за рекреација, канцеларии, лаборатории, магацини); да затвора јавни места на отворено (паркови, игралишта, плажи, шеталишта, базени на отворено) и да наложи длабинско чистење на згради или возила поврзани со појавата на коронавирус.

Локалните овластувања за ограничено движење ќе вклучуваат можност за затворање или ограничување на активностите на училиштата и определување на возраста за учениците што ќе добијат дозвола да одат на часови. Советите исто така ќе можат да ги затворат или ограничуваат јавните настани и собири, како и да затворат бизниси.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата