Наместо претседателот...
Премиерката на Владата на Србија Ана Брнабиќ наместо претседателот Александар Вучиќ денес ќе одржи конференција за новинари со Кризниот штаб за заштита на здравјето на жителите од заразна болест Ковид-19, соопштила службата на претседателот за соработка со медиуми.
Конференцијата за новинари е во 15 часот во Палата Србија.