Нешто не е во ред со нас: ПАТНИЦИТЕ ГИ КРАДАТ ПОЛНАЧИТЕ ЗА ТЕЛЕФОНИ ОД АВТОБУСИТЕ

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нешто не е во ред со нас: ПАТНИЦИТЕ ГИ КРАДАТ ПОЛНАЧИТЕ ЗА ТЕЛЕФОНИ ОД АВТОБУСИТЕ

Граѓани опремени со штрафцигери се обидуваат да ги украдат полначите за телефони кои ги има во новите автобуси на гас на ЈСП „Скопје“. Откако 33 автобусите беа пуштени во сообраќај секојдневно во нив има контроли во цивилка кои проверуваат дали патниците ги уништуваат возилата. Досега биле фатени четворица граѓани како се обидуваат да ги украдат полначите.

„Еден од патниците кој го фативме како со штрафцигер сака да ги извади полначите кои се вградени во држачите, беше 70-годишен пензионер. Во сите четири случаи навремено интервенираа контролорите и не дозволија уништување на дополнителната опрема во автобусите. Случаите се пријавени во Министерството за внатрешни работи. Навистина не ни е јасно зошто ги вадат и крадат, кога тие потоа никако не можат да се користат“, велат од ЈСП „Скопје“.

Низ градот веќе еден месец на линиите 2,5, 15, 24 и 57 возат 33 автобуси на гас од германскиот производител МАН. Од нив 21 е eдинечен со капацитет за 81 патник и 12 се зглобни за 149 патници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата