Која е НАЈЗГОДНАТА СРПСКА ПРАТЕНИЧКА (ФОТО)

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Која е НАЈЗГОДНАТА СРПСКА ПРАТЕНИЧКА (ФОТО)

Дијана Радовиќ (29) од Прибој привлече големо внимание кога се појави на конституирање на Собранието во тесен црвен фустан, а еве кој е таа. Дијана е потпретседател на Социјалистичката младина на Србија, има 29 години и дипломирала на Факултетот за политички науки во Белград.

Социјалистите од Прибој ја претставија како свој кандидат на 7 јуни годинава, а претседателот на Генералното собрание на СПС во Прибој, Борис Мрдовиќ, тогаш истакна дека СПС во својата тридецениска историја немала кандидат толку високо рангиран на пратеничката листа како Дијана.

Тој додаде дека Дајана е позната во јавноста во Прибој, бидејќи пред се е млада дама која успешно дипломирала на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, која има искуство во областа на деловниот ангажман, но и политичката афирмација.

- Во партијата, таа ги помина сите структури од локалниот одбор, преку општинската организација, е претседател на Социјалистичката младина, член е на Главниот одбор и потпретседател на Социјалистичката младина на Србија. Таа е вработена во општинската администрација во Прибој, каде остварува забележителни резултати во секојдневната комуникација со граѓаните. изјави неодамна Мрдовиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата