ДУБРОВНИК КАКО ВЕНЕЦИЈА: Невремето ги поплави улиците на јадранскиот бисер (ФОТО)

5.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДУБРОВНИК КАКО ВЕНЕЦИЈА: Невремето ги поплави улиците на јадранскиот бисер (ФОТО)

Поројни дождови го зафатија целиот Балкан кои на повеќе локации создадоа големи поплави и реки по улиците. Такво  време се очекува да биде и во наредните неколку дена, а метеоролозите прогнозираат дека и Македонија нема да биде заобиколена од поројните дождови.

Поројните дождови кои денес стигнаа во Македонија, изминатиот ден зафатија делови на Хрватска, Србија и Бих.

Едно од најпознатите и најпосетените туристички дестинации каде доаѓаат и најголемите и најпознатите луѓе од Џет сетот, вчера изгледаше како Венеција.  Улиците на Дубровник буквално се најдоа под вода.

„Вечерњи.хр“ пренесува повеќе фотографии како синоќа излгледал Страдун, најпознатата улица во Дубровник.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата