Додека се одлучува за моето право од работен однос во ИНСТИТУЦИЈА ВОДЕНА ОД ЛОШИ ЛУЃЕ

4.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додека се одлучува за моето право од работен однос во ИНСТИТУЦИЈА ВОДЕНА ОД ЛОШИ ЛУЃЕ

Синдикалниот лидер од Агенција за вработување, има проблем со менаџментот на институцијата, за која како што јавно тврди, сака да го избрка од работа. Неговиот пост ви го пренесуваме во целост


Додека се одлучува за моето право од работен однос, отворено ќе ги споделам сите докази и аргументи во интерес на законито постапување и одбрана на угледот на јавната институција која е раководена од лоши луѓе

Институцијата која би требало да има племенита улога, нејзиното раководство мака мачи како да се ослободи од мене.
Добив многу битки во изминативе 3 години ќе ја добијам и оваа а од Агенција за вработување ќе заминам јас кога ќе сакам! Како овластен синдикален претставник, застапував мои колеги во фингирани дисциплински постапки во АВРМ кои само преку 1 од 5 адвокати кои ја застапуваат АВРМ, има наплатено околу 100.000 евра за 3 години. Политичката нетрпеливост на раководството спрема мене и мои колеги, со овој податок добива и друга димензија😁
Дополнително ноторна лага е дека нема средства за мене (старо вработување од 2012 за кое не треба согласност) и фактот дека преземањето е реализирано на 20.01.2020 год. кога секој буџет е веќе усвоен а притоа, спротивно на искажаната лага, со договор на определено во АВРМ се ангажирани над 80 лица.
Во прилог се доказите кои не им биле потребни на над 50 000 избрани и именувани лица и никој не им го оспорил правото, освен на мене, да се вратат на работно место после мирување.

Со почит
Административен службеник
Овластен синдикален претставник
Тужител за психичко вознемирување
Горан Јовановски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата