Милена на Рајко Дујмиќ е од Неготино и мајка е на две деца! ОВА Е ПРИКАЗНАТА ЗА ХИТОТ „МИЛЕНА“ НА НОВИ ФОСИЛИ

4.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милена на Рајко Дујмиќ е од Неготино и мајка е на две деца! ОВА Е ПРИКАЗНАТА ЗА ХИТОТ „МИЛЕНА“ НА НОВИ ФОСИЛИ

Фронтменот на Нови фосили, Рајко Дујмиќ почина денес како резултат на повредите добиени во тешката сообраќајна незгода која се случи минатата среда. Дујмиќ во една прилика раскажал како настанал хитот „Милена“, но и како поминала средбата со жената која му била инспирација, а која се случила многу години подоцна кога таа веќе била мажена и мајка. 

„Милена денес е мажена и има две деца. Таа е Македонка, од Неготино. Се запознавме во Херцег нови и бог знае како разговаравме до три наутро. Потоа ја испратив до собата и пред вратата и реков - ти ќе завршиш во песна. Таа ми рече, тоа сигурно и го велиш на секоја. И реков - ќе видиш. Не влегов во нејзината соба, туку си заминав“, раскажал Дујмиќ.

Од таму заминал за Загреб и едно утро ја напишал песната која всушност им е посветена на медицинските сестри. 

„Тоа е живот на една медицинска сестра која од првинцијата дошла во град и има изнајмена соба. Животот и е во смени, дневна, ноќна. Нема постојано момче. Почна нашата турнеја која се викаше „Генерацијата на Милена“. И доаѓаме во Неготино. На вратата ни тропа редарот и вели Рајко те бара некоја жена со две деца. Влегува Милена со плачење. Влегува со мажот кој е згоден и децата близнаци. И велам - ти реков ли дека ќе завршиш во песна. Им дадовме карти и се договорив со тонецот кога ќе почне песната да ја осветлат. Такво лудило се случи во салата“, раскажал Дујмиќ своевремено. 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата