ЕЛЕМ: Тендерот во РЕК „Битола“ се спроведен во редовна постапка, а „СВ инвест“ понуди најниска цена

13.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕЛЕМ: Тендерот во РЕК „Битола“ се спроведен во редовна постапка, а „СВ инвест“ понуди најниска цена

Тендерот за технолошко чистење на БТО системот (транспортни траки и механизација во рудникот) во РЕК „Битола“ е спроведен во редовна постапка за јавна набавка и преку електронско наддавање, а најниска цена на наддавањето понуди фирмата „СВ инвест“, соопшти компанијата ЕЛЕМ, по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, за нов договор меѓу „СВ инвест“ и РЕК „Битола“.

Оттаму велат дека биле распишани уште два тендера за технолошко чистење: во термоелектраната и на отпепелување, како и дека на тие тендери исто така учествувала и „СВ инвест“, но дека најниски цени таму понудиле други две фирми, кои на крајот ги добиле тендерите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата