Вештачкото сонце ќе биде готово до крајот на 2019-та година?

13.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вештачкото сонце ќе биде готово до крајот на 2019-та година?

Кинеските научници најавуваат дека до крајот на оваа година ќе завршат со изградба на вештачкото сонце.

Експерименталниот фузиски реактор, односно вештачко сонце кое имитира процес на нуклеарна фузија, направил пресврт во експериментите од тој вид, кога достигнал температура од 100 милиони степени Целзиусови. 

 

 

Сега кинеските научници најавуваат дека ќе ја довршат изградбата на реакторот "HL-2M Tokamak", како што е официјалното име на тој проект, до крајот на годината, истакнува списанието "Science Alert".

 

 

Плазмата на вештачкото сонце во главно се состои од јони и електрони, а тоа ќе послужи како увод за идните фузиски реактори и со тоа ќе ја доближи Кина до остварувањето на сонот за чиста енергија.

 

 

Најавена е и вештачка месечина, односно расветен сателит, кој ќе му служи на градот Ченгду наместо уличното осветлување.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата