Пратениците од Левица пристигнаа со велосипеди во Собрание

4.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пратениците од Левица пристигнаа со велосипеди во Собрание

Пратениците од Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов пристигнаа со велосипеди на денешната собраниска конститутивна седница.

„ Денес, за прв пат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на Законодавниот дом! Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко делување. Борбата за правда е долга и племенита – и истата допрва започнува!“, напиша Левица на Фејсбук профилот на партијата.

Патувањето до законодавниот дом со велосипед ќе биде пракса за оваа политика партија, како симболика во борбата против бенефециите на народните избраници.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата