Арсовски: СДСМ изманипулира со рекламниот простор ЗА ДА МОЖЕ ДУПЛО ДА СЕ РЕКЛАМИРА

4.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсовски: СДСМ изманипулира со рекламниот простор ЗА ДА МОЖЕ ДУПЛО ДА СЕ РЕКЛАМИРА

Предвремените парламентарни избори поминаа и излегоа сите лукративни дејанија на СДСМ, ова денеска преку прес-конференција го истакна портпаролот на партијата Димче Арсовски.

-Агенцијата за медиуми го објави извештајот за платено политичко рекламирање, каде што може јасно да се забележи соодносот на рекламирањето помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што е 2 наспроти 1, односно двојно повеќе простор доби СДСМ за платено политичко рекламирање на овие избори. На што се должи ова? На само 5 минути пред завршувањето на вонредната состојба во Република Македонија, воведена заради справување со пандемијата од Ковид-19, СДСМ наместо да се посвети на сузбивање на пандемијата, на последната седница на Влада, 5 минути пред да заврши вонредната состојба, изгласаа уредба во пресрет на предвремените парламентарни избори за медиумски мрак и гушење на политичкото претставување на опозицијата. Не само што беше против законски, туку беше директно мешање во изборниот процес. Па така, ВМРО-ДПМНЕ доби ограничен простор за рекламирање во медиумите, а СДСМ доби простор да може да се рекламира и двојно повеќе од ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Арсовски.

Тој додава дека користењето на вонредната состојба за ваква уредба значеше гушење на медиумскиот рекламен простор за ВМРО-ДПМНЕ, каде што СДСМ директно мешајќи се и интервенирајќи во изборниот законик, придонесе да се ограничи рекламниот простор на штета на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, за да истата СДСМ може да манипулира со рекламниот простор во медиумите.

-Ова беше и една од причините за најнедемократските избори и изборниот грабеж кој што е случи на овие избори. Лукративните намери на СДСМ каде што ја искористија вонредната состојба за директно мешање во изборниот процес, а не за борба со корона пандемијата, излегоа на површина и веќе се јавно достапни. Од СДСМ и не може да се очекува нешто друго, додаде Арсовски. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата