Вчера хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен пристигна во Санкт Петербург. Како што знаете тој е нов играч на Зенит. Додека го носеа со автомобил низ градот Ловрен му се јави на својот пријател Мохамед Салах од Ливерпул и му објаснуваше како бил пречекан.

Дејан го пофали Салах за новата фризура, а потоа почна да си тера шега со него:

Ловрен: „Само што стигнав, го напуштив аеродромот, ме пречекаа неколку луѓе и позади имаше мечка. Страшно брат! Си реков: Дали некој ги отворил кафезите од Зоолошката па животните си излегле на улица?“

Салах: „Да, но зошто така?“

Ловрен: „Не се грижи, нема да ме изеде. Тоа е нормално овде и мечките не напаѓаат луѓе“

Салах: „Не напаѓаат? Тогаш можеш да си земеш едно како милениче“.

Салах го запраша Ловрен дали ќе биде капитен на Зенит.

Ловрен: „Сакаш да бидам капитен? Ако сакаш, ќе се потрудам…“.