Младиот десен бек Камерон Кокс пред неколку денови се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити. Овој 21-годишен десен бек стана слободен играч откако Кардиф одлучи да не му го продолжи договорот, а Манчестер Сити пројави интерес за него. Сепак, не успеа. Беше поразен од петтолигашот Солихал Морс.
Кокс стави потпис на договор со овој клуб кој на социјалните мрежи испрати порака до моќниот Сити.

„Извини Манчестер Сити, но тој е наш“.

Кокс беше во младинските категории на Кардиф но не запиша ниту еден првенствен натпревар, а неколку пати играше во куповите. Се работи за член на младинската селекција на Велс.