Кошаркарските екипи на Вардар, Бадел 1862 и Крива Паланка ќе ја претставуваат Македонија следната сеозна во женската кадетска ВАБА лига. Станува збор за регионално натпреварување во кое Македонија ќе биде застапена со три состави.

Кадетските екипи на Вардар и Бадел 1862 од Скопје и Крива Паланка се дел од лигата во која ќе партиципираат вкупно 20 клубови од просторите на поранешната држава. Екипите се поделени во четири групи, а онаа „Д“ група е „македонската“. Покрај нашите три претставници ќе разигруваат и две екипи од Црна Гора (Будуќност Бамекс и Приморје).

Планирано е одигрување на трик руга-турнири. Стартот е (ако здравствените и безбедносните услови го овозможат тоа) на 25. октомври, следниот е планиран за 29. ноември, а завршниот на 20. декември. Во улога на домаќин на првиот собир во Скопје ќе бидат екипите на Вардар и на Бадел 1862, а на вториот е екипата на Крива Паланка. Последниот ќе се одржи во Подгорица, по што следува втората фаза од шампионатот.

Согласно со пласманот во првиот круг, ќе се формираат нови натпреварувачки групи во кои ќе бидат пренесени бодовите од првата фаза. Најдобрите четири екипи во оваа возрасна категорија (кошаркарки родени 2004 година и помлади), на 24. и 25. април, 2021 година, ќе бидат учесници на завршниот турнир-„Фајнал-фор“.