Вечерва на „Вембли“ се игра финалето од плеј-офот за пласман во Премиер лигата. На мегдан излегуваат Брентфорд и Фулам. Двете екипи не се борат само за пласман во најсилната лига на светот, туку и за фантастична финансиска награда.

Оваа сезона таа цифра ќе биде незначително помала, но на победникот ќе му донесе многу добар профит сразмерно актуелната ситуација настаната поради коронавирусот. Според финансиската аналитичка компанија „Дилојт“ со победа Брентфорд ќе инкасира 160 милиони фунти во период од три години, додека Фулам би добил „само“ 135 милиони.

Во ситуацијата кај Брентфорд дополнителните приходи би се качиле до 265 милиони фунти во текот на пет години ако овој клуб избегне испаѓање уште во првата сезона (Фулам би заработил нешто помалку).

Причина зошто „пчеличките“ би заработиле повеќе во најскапиот фудбалски меч на планетата лежи во фактот што Фулам неодамна играше во Премиер лигата, поточно испадна од неа во 2019 година и веќе беше во процес на таканаречени „падобрански“ испаѓања од елитната лига. А Брентфорд чека на враќање во англиската елита дури 73 години.

Овој дуел ќе биде и голгетерска пресметка помеѓу Оли Воткинс (Брентфорд) и Александар Митровиќ (Фулам), двајцата најдобри стрелци во Чемпионшип оваа сезона. Српскиот напаѓач со 26 голови е најефикасен во сите четири професионални лиги во Англија, додека Воткинс е зад него со гол помалку.

Да кажеме дека Брентфорд ги доби претходните два дуели со Фулам во оваа сезона. На домашен терен славеше со 1:0, а на „Крејвен котиџ“ со 2:0.

ЧЕМПИОНШИП ПЛЕЈ-ОФ

БРЕНТФОРД – ФУЛАМ
вторник, 20:45 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ВГ 0-2 и Х на полувреме