На социјалните мрежи се шири нова естрадена војна: Хрватските ѕвезди повикани да копаат компир за 5000 динари

3.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На социјалните мрежи се шири нова естрадена војна: Хрватските ѕвезди повикани да копаат компир за 5000 динари

Апелот на Нина Бадриќ за помош од државата предизвикал вистинска бура.

Музичари а посебно познати пејачки и пејачи од Хрватска, се побуниле бидејќи нивната професија моментално е стопирана во секоја смисла, со што немаат извор на приходи. Поедини дури упатиле апел до Министрестото дека им е потребна помош, додека многумина таа постапка ја осудиле, верувајќи дека имаат доволно заштедено од предходните ангажмани.

Хрватската пејачка и регионална поп ѕвезда, Нина Бадриќ предизвикала вистинска бура во јавноста затоа што нејзината работа е стопирана и поради што трпат дури 15 семејства, поради ситуацијата со пандемија на коронавируси и донесените мерки “многумина се гладни“.

“Еве за неколку дена вадиме компирим триесет хектари, во околина на Бјеловар и потребни ни се надничари, 300 круни плаќаме на ден. Ве молам во редакцијата да и се јавите на дотичната ако сака да работи...

Ваквиот коментар им запнал за око на многу музичари кои го прокоментирале. Коментар оставил и тапанарот на Парни Ваљак Дадо Маринковиќ и Давид Давид Вурдељ, познат како Baby Dooks.

“Боже колку во Хрватска има паметни луѓе особено. Морам и јас да најдам вистинска работа како и моите колеги, но ќе мора да ја забраниме музиката да се пушта,па тие паметните сами себе ќе со пејат. Сигурен сум дека се негаталенти. Мир“, напишал Вурдељ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата