Запленет имотот на познат бизнисмен во Албанија поради соменение за трговија за дрога

3.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Запленет имотот на познат бизнисмен во Албанија поради соменение за трговија за дрога

Албанските обвинители заплениле огромни средства што му припаѓале на бизнисмен и медиумски магнат во Албанија, кој е осомничен за изградба на неговата империја од трговија со дрога.

Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, соопшти дека властите заплениле имот во кој биле вклучени неколку станови, земјиште, возила, меѓу кои и „ролс ројс“, како и две телевизиски станици РТВ Ора и Канал Еден, врз основа на основано сомнение дека Или Ндроки, познат и како Џемал Пасмациу, бил вмешан во криминални активности.

Ндроки е виден додека одел кон полициската станица, но не бил приведен, пренесе АП.

Тој претходно беше уапсен во Турција и Италија под сомнение за припадност на криминални организации вклучени во трговија со дрога, но беше ослободен и во двата случаи.

Адвокатите на Ндроки изјавија дека ќе поднесат жалба против запленувањето на имотот, а самиот Ндроки изјавува дека запленувањето се случило затоа што тој е во спор со градоначалникот на Тирана.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата