КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЗАБАВИТЕ во Градиште

3.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЗАБАВИТЕ во Градиште

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и 3, пренесува  „Слободен печат“.

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

-Во овој продолжен викенд, заедно со колегите од Скопје и од одделението во Гостивар, со петнаесет инспектори направени се 75 надзори во 2 дена. На подрачјето на Охрид имаме 2 кривични пријави по членот 206 од Кривичниот Законик конркетно за журки во Градиште, на плажите два и три. На подрачјето на Струга во кафуле покрај Дрим постапивме, но наидовме на попречување па полицијата се вмеша во случајот и се преземаат дополнителни мерки, велат од Пазарниот инспекторат одделение Охрид, за „Слободен печат“.

Проблемот е голем онаму каде пазарните инспектори немаат надлежност за постапување. Туристите тоа го знаат и затоа, наместо на плажите кои што се во склоп на хотелите, и каде што има протоколи, одат онаму каде што никој не им наметнува правила. На само 20 метри далечина од хотелските плажи, на таканраечените ,,диви” плажи, или плажи каде што нема стопан, надлежност да казнува нема никој. Таму нема игла каде да се фрли.

Повеќе на Слободенпечат

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата