Мадридска “Марка“ утринава пишува дека Барселона по се изгледа ја научи лекцијата од примерот со Нејмар, кога имаше откупна клаузула од 222 милиони евра, а ПСЖ си ја плати и си го собра Бразилецот. Па така сега каталонците немаат намера да ја направат истата грешка со својот мега талент Ансу Фати кој во октомври ќе стане полнолетен. Тогаш Барса ќе му понуди нов договор, многу поголем а откупната клаузула ќе ја означи на, верувале или не, дури 400 милиони евра. Засега таа изнесува 170 милиони, и од таму стравувањето дека таа сума би можел да ја плати Манчестер Јунајтед и да го собере Фати. Уште повеќе ако се знае дека во моментов во Барселона престојува португалскиот супер менаџер Мендеш, со цел да го откупи младиот фудбалер и да го однесе на Островот.