КОНЕЧНО НОРМАЛНИ ЦЕНИ ВО ДУБРОВНИК

3.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОНЕЧНО НОРМАЛНИ ЦЕНИ ВО ДУБРОВНИК

Кризата која владее насекаде низ светот летово најмногу ја почувствуваа туристичките места. Типичен пример за ова е Дубровник каде што оваа година се забележува доста помал прилив на туристи. Зачудувачки, Дубровник годинава има сосема нов ценовник, поразличен од останатите години, па така туристите кои се таму сведочат за намалени цени.

Едно момче за „Poslovni dnevnik“ изјавило дека било на одмор во Дубровник заедно со својата девојка, а кога седнале во еден од тамошните ресторани, пријатно се изненадиле од цените. Како што изјавиле тие, цените биле пониски дури и од Загреб, па така за една голема пица, две цедевити и кафе платиле околу 500 денари.

Момчето вели дека не очекувало да поминат толку евтно, според искуствата од претходни години, кога за таква нарачка би платиле двојно.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата