Лос Анџелес Лејкерс поразени се од Торонто со 107:92. Тоа беше првиот пораз на четата на Леброн откако се врати НБА по корона паузата.

Леброн сака титула, но актуелниот првак му покажа дека тешко ќе дојде до посакуваниот прстен. Токму Леброн беше најдобриот во поразениот тим, а кај победничкиот се истакна Лори со 33 поени и 14 скокови.

Индијана славеше против Филаделфија со 127:121. Ти Џеј Ворен постигна неверојатни 53 поени, со четири скока и три асистенции, и самиот ја донесе победата.

Клиперси беа подобри од Њу Орлеанс Пеликанс со 126:103. Пол Џорџ уфрли 28 поени, а Ленард 24.