Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис со уште изјава ја разбранува јавноста во Италија. Тој го коментираше интересот на неколку гиганти за Калиду Кулибали, и ја одреди цената за својот стопер.

„Калиду е страшен, и јас ќе бидам тажен ако си замине. Но за се си има и време и место. Понекогаш доаѓа момент за разделба. Во исто време ние не сме добиле понуда од 90 милиони. А, тој нема да си замине за помалку“, рече де Лаурентис.

Инаетот на сопственикот на Наполи може да придонесе и стоперот да остане во Неапол, со оглед дека после коронавирусот тешко дека некој ќе се одлучи да даде толку пари.