Galaxy A семејството телефони на Samsung ќе добие нов предводник. 

Samsung Galaxy A90 се појави на веб-страницата на компанијата во САД, промовирајќи им ги новите Asphalt 9 содржини на сопствениците на уредите на Samsung. Телефонот е споменат заедно со премиум моделите на јужнокорејската компанија, со што се сугерира дека ќе им биде рамо до рамо со процесорските можности и гејминг потенцијалот.

Претходно протечените информации за Galaxy A90 сугерираа на ротирачка pop-up камера, слична на она што го нуди Oppo N1. Иако се уште не е официјално потврдено, функцијата би можела да ја исфрли потребата за засек во екранот. Исто така, може да се очекува и поголема батерија, која ќе помогне во подолгите гејминг сесии.

A-серијата паметни телефони на Samsung традиционално ги поместува границите кога се во прашање дизајнот и функциите, а Galaxy A90 секако ќе биде телефон на кој е потребно да се обрне внимание.

 

извор: USB.mk

3

Најчитани вести