Шпанскиот тим Валенсија, ќе биде следната дестинација за Ненад Димитријевиќ, пишува „АС“.

Изданието пренесува дека Валенсија ја плати клаузулата на Хувентуд од 300.000 евра за потписот на македонскиот кошаркар.

Но… според најавите Димитријевиќ би можел да остане во Хувентуд како позајмен кошаркар, па дури во 2021/2022 година да замине во Валенсија.

Тука се поставува прашањето зошто тогаш Валеснија не го зема Нено следната сезона кога ќе биде слободен. Затоа што Валенсија сака да го има, односно да не чека другите клубови да го ангажираат.