КОИ ВАКЦИНИ ЗА КОРОНА ГИ КУПУВА ЕУ, и дали ќе го имаме истиот избор

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОИ ВАКЦИНИ ЗА КОРОНА ГИ КУПУВА ЕУ, и дали ќе го имаме истиот избор

Фармацевтските компании „Sanofi Sa“ и „GlakoSmitKlin Plc“ објавија дека се во напредна фаза на преговори за испорака до 300 милиони дози на експериментална вакцина против Ковид-19, за Европската унија.

“Вооружена” со фонд за итни случаи од повеќе од две милијарди евра, Европската комисија сака да склучи договори со дури шест производители на вакцини за 450 милиони граѓани против вирусот Корона, кој досега уби 674.000 луѓе низ целиот свет.

Европската комисија соопшти дека целта на разговорите со „Sanofi Sa“ е однапред да се склучи договор за купопродажба. „Претпоставениот договор со нив ќе обезбеди можност сите земји-членки на ЕУ да ја купат вакцината“, стои во соопштението на Комисијата.

Портпаролот на Комисијата изјави дека не може да коментира кога ќе биде објавен договорот и која е можната цена на вакцината, оценувајќи дека тоа е прилично ветувачки чекор кон можна спогодба.

Засега не е познато кои вакцини има намера да ги купи Македонија

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата