МОЈ ДИЛБЕРЕ... ја пеат сите, а еве кој вистински настан стои зад разделбата

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МОЈ ДИЛБЕРЕ... ја пеат сите, а еве кој вистински настан стои зад разделбата

Една од најпознатите изворни народни песни, „Мој дилбере“, е регионално позната и опеана од речиси сите, таа содржи вистинска приказна, и чувство на страдање на љубовницата која го испраќа својот војник на служба.

Тој заминува во време кога мора да продолжи понатаму, а таа останува во платено ропство, сеќавајќи се на моментите поминати со него преку песната. За целосно разбирање на оваа севдалинка, неопходно е да се знаат настаните и околностите од времето кога потекнува.

За време на 18-ти и почетокот на 19 век, во Турција постоела специјална платеничка воена коњаница, т.н. карџали. Во таа војска, покрај Турците, имало воини од сите балкански националности и религии. Во нив биле вклучени оние кои немале намера да живеат мирно, со семејство и редовна работа, туку кои сакале авантури по секоја цена.

Овие авантуристи – „турски противзаконци“ – крстареле низ Балканскиот полуостров, од едниот до другиот крај, на нивните добри и богато украсени коњи, борејќи се за оној што најдобро ги плаќал. Карџали особено биле користени од султанот за вршење мали валкани акции. Еден таков млад разбојник, војник и авантурист, уживајќи во добри коњи, јавајќи во богат костум и опремен со одлично оружје кој живеел удобен живот „од денес до утре“ е јунак на песната Мој дилбере.

Покрај сите овие убавини кои ги имал, сосема е логично дека сакал и убави жени, особено танчерки и робинки каква што се опишува во песната Мој дилбере. Таква и имал, додека бил во местото каде што убавата робинка живееле.

Но, неизбежно, доаѓал часот на разделба. Крџалијата, денес или утре, ќе заминел во друг далечен град. И таа би заминала со него, но не може. Убавата девојка, робинка на некој трговец, базерџан, скриена зад решетките на прозорецот со поглед на чаршијата, била љубена и напуштена од карџалијата, останувајќи сама додека го испраќа на далечен пат...

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата