Другите се на листа на чекање, БОГАТИТЕ РУСИ ВЕЌЕ ЈА КОРИСТАТ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОРОНА

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Другите се на листа на чекање, БОГАТИТЕ РУСИ ВЕЌЕ ЈА КОРИСТАТ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОРОНА

Европската Унија купува вакцини, а богатите Руси веќе ја примија. Европската комисија (ЕК) објави дека постигнала договор со фармацевтската компанија Санофи и ќе набави 300 милиони вакцини против коронавирусот. 

ЕК сака да склучи договори со шест производители на вакцини за 450 милиони граѓани.

Засега официјално не се открива цената на вакцината иако се продава и во нашиот регион по цена од 7 до 10.000 евра а се состои од три компоненти. 

Стотици врвни руски менаџери и водечки државни службеници се вакцинирани со експериментална вакцина против коронавирус од април досега. 
На политичката елита на Кремљ и беше дадена можност предвреме да се заштити од вирусот. 

Русија е една од најзагрозените земји. Земјата има над 845.000 потврдени, а починале 14.058 луѓе, таа е четврта на листата на земји најпогодени од вирусот. 

Индија, Бразил и САД се позиционирани пред Русија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата