Јосип Иличиќ пред корона паузата беше еден од најдобрите фудбалери на Аталанта, но и во Серија А. Тимот од Бергамо “газеше“ со Словенецот и во ЛШ. Но по враќањето на сезоната, Иличиќ не е ни бледа сенка од оној што го знаевме. Ниту еден натпревар не одигра како што треба, или барем да потсети на неговите настапи од пред неколку месеци. Се претпоставуваше дека е повреден, но тренерот Гасперини изјави дека нема шанси Словенецот да заигра во финишот на сезоната, а уште помалку да се најде во тимот во Лигата на Шампионите во август.

Клубот не сакаше да даде никакво официјално соопштение, а “Газета“ окрива дека не е во прашање повреда, туку со амин на клубот Иличиќ веќе извесно време е дома, во Словенија заедно со семејството. Се претпоставува дека станува збор за семејни проблеми.