Муцунски: ВМРО НЕ Е АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ПА ДА СЕ „ПРЕЗЕМЕ“

31.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Муцунски: ВМРО НЕ Е АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ПА ДА СЕ „ПРЕЗЕМЕ“

Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук пред малку објави реакција по изјавата на градоначалникот Митко Јанчев дека ќе ја преземе партијата.

„За мене терминологијата е многу значајна. „Преземање” се прави на корпоративен ентитет. Постојат повеќе видови на преземања коишто ги познава современото корпоративно управување. За разлика од корпоративниот свет, во науката за политиката и политичката пракса статусот/функцијата во демократските земји се здобива преку демократски методи. „Демократија” и „преземање” се веројатно два најдалечни поими во еден современ политички систем. Во таа смисла, ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, туку политичка партија. Оттука, легитимитетот го дава и го одзема највредниот дел од партијата – членовите“, порачува Муцунски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата