Претстојниот викенд се смета за еден од најударните во туристичката сезона во Хрватска, а утрово веќе се забележува голем метеж на патиштата кон хрватското крајбрежје, пренесуваат регионалните медиуми.

Како „најкритична“ се оценува ситуацијата на граничните премини со Словенија.

Според најавите на Авто-мото сојузот на Хрватска, зголемен метеж се очекувал дури во попладневните часови, пренесува порталот „Индекс“.

Според податоците од системот е-визитор, во моментов во Хрватска има 760.000 гости, од кои 126.000 се домашни, а најбројни се станските посетители од Германија.

Од туристичките организации во земјата очекуваат дека 1 август, како и секоја претходна година, ќе биде ударен ден.

извор: Makfax

Најчитани вести