Еве со колку години жените најмногу уживаат во водење љубов

30.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве со колку години жените најмногу уживаат во водење љубов

Биолошкиот часовник и неговото гласно отчукување доста влијаат...

Жените во различен животен период имаат одличен или помалку добар интимен живот, а желба за секс не е врзана само за дваесета година или младоста.

Истражувачи од Тексас провериле колку е сексуалната желба поврзна со годините. Биолошкиот часовники и неговото гласно очукување многу влијае на желбата за секс. Во триесетите жените често можат да го слушнат тој часовник. Поточно тој ги тера жените да ги “искористат останатите години за раѓање“ и така во одреден животен период либидото им се зголемува. Во истражување кое е објавено во списаниет “Personality and Individual Differences” учествувале 827 жени кои биле поделени во три групи: висока плодност (жени од 18 го 26 години), ниска плодност (жени од 27 до 46) и менопауза (од 46 па натаму).

На база на одговори од учесниците во интернет анкета, истражувачите откриле дека жени на возраст од 27 до 45 години ( категорија со ниска плодност) поседуваат “засилен сексуален нагон како одговор на намалување на плодноста“, како и дека имаат “чести сексуални фантазии, активен сексуален живот и подготвеност за повремен секс“

- Нашите откритија сугерираат дека жените не мора нужно да “полудат за бебе“ за да доживеат врвен секс. Нашите резултати покажуваат дека нема ништо особено во триесетата, но дека таквото однесување се манифестира кај сите жени кои доживуваат пад на плодноста. Можеби е потешко да се забремени после 35 година од животот, но истражувањето покажало дека жените ќе бидат мотивирани во менопауза – објаснила Џудит Еастон, научник.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата