СДСМ И ДУИ НЕ ДОГОВОРИЛЕ ВЛАДА - Ја демантираат веста на КОХА

29.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ И ДУИ НЕ ДОГОВОРИЛЕ ВЛАДА - Ја демантираат веста на КОХА

За раководството на СДСМ првично не е прифатлив ниту концептот „ротирачки премиер“ за кој, како што објави „Коха“, наводно, постигнале договор досега владејачките партии СДСМ, како предводник на коалицијата која освои најмногу (46) мандати во новиот состав на парламентот ќе ги почне разговорите за состав на идната влада по конститутивната седница на Собранието, на 4 август (вторник).

Висок функционер на СДСМ за „360stepeni.mk“ вели дека во партијата се чека враќањето на Зоран Заев од одмор, па потоа следат преговорите за формирање на влада.

Се очекува Заев, како новоизбран пратеник, да присуствува на конститутивната седница, по што, како што велат, од партијата би можеле да почнат преговорите за состав на новата влада. Согласно со уставните рокови, најдоцна до 14 август претседателот Стево Пендаровски би требало да го определи мандатарот, кој во наредните 20 дена, што би значело до почетокот на септември, би требало да ја состави новата влада и да поднесе до парламентот програма за работа.

Соговорници од СДСМ тврдат дека засега не се водат преговори со другите парламентарни партии за состав на владата, а за информацијата што ја пренесе „Коха“ дека е постигнат договор меѓу коалаицијата „Можеме“ и ДУИ велат дека е „лажна вест“.

Со реакција на написите на „Коха“ се јавија и од ДУИ.

Артан Груби на својот Фејсбук профил напиша дека ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги води со вклучување и известување на граѓаните.

„ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги развива со вклучување и известување на граѓаните. Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна, како и да е, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено“, се вели во реакцијата на ДУИ.

Според она што го пишува, детали не се договорени иако имало пост изборни разговори со СДСМ, како што додава за доброто на граѓаните и на државата.

Весникот Kоха објави дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе коалицира со ДУИ на Али Ахмети, а дел од Владата ќе биде и ДПА, на чело со Мендух Тачи.

Со ова, според весникот парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата