Huawei P30 Pro пристигнува со 256GB простор за складирање

13.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Huawei P30 Pro пристигнува со 256GB простор за складирање

Huawei официјално ќе ја објави P30 серијата P30 на 26. март на медиумски настан во Париз, но како што се очекуваше, голем дел од спецификациите веќе протек0а на интернет. Благодарение на сертификати на уредите во Азија, конечно имаме детали за опциите за RAM меморијата и просторот за складирање.

ELE-L29 (кодното име на Huawei P30) ќе има помеѓу 6 и 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Во исто време, VOG-L29 (P30 Pro) ќе биде достапен со 8GB RAM и опции кои се движат помеѓу 128 и 256 GB простор за складирање. Покрај овие два модела, пристигнува и третиот – веројатно Huawei P30 Lite со ознака на модел MAR-LX2.

Сите три телефони се сертификуцани за 4G мрежи, но треба да се прецизира дека ниту Тајван ниту Индонезија имаат изградени 5G мрежи. Изборот на чипсети не е ни изненадување за никого – Kirin 980.

Од претходно е потвредно дека Huawei P30 Pro ќе има перископ камера, а претходните протечени рендери ни открија дека двата премиум P30 модела ќе имаат црна, Twilight и Aurora Blue варијанта.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата