Екипата на Ајакс од сега е посилна за интернационалецот од Гана и досегашен член на тимот на Нордсјеланд, Мохамед Кудус.

Тој денеска беше промовиран како најново засилување за клубот од Амстердам, со надеж дека тој ќе биде следното тинејџерско чудо кое произлегува од оваа екипа. Инаку пред да дојде во Ајакс имал интересни понуди од Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Евертон, Борусија Дортмунд, Тотенхем, но тој го одбрал холандскиот гигант сметајќи дека има најголеми шанси за напредок. Инаку Ајакс за него плати девет милиони евра, а Кудус стави потпис на петгодишен договор.

Кудус на 57 мечеви за неговиот досегашен клуб, има постигнато 14. гола и забележано три асистенции, а со неговите 19 години е сметан за еден од најперспективните млади фудбалери во Европа во моментов.

Кудус е третото засилување на Ајакс ова лето после Мартен Стекеленбург и Ентони.