Валентино Роси нема намера да запре со својата мото кариера и планира да одработи уште една сезона во Мото ГП шампионатот и следната календарска година.

Роси иако има 41 година во моментов сешак тоа не го спречува да биде конкурентен и натаму во еден од најпопуларните мото спортови на светот.

Иако сеуште тој самиот не го потврдил ова, сепак шпекулациите се дека кога ќе се седне на маса тој ќе одговори позитивно.

„Не е точно дека сум потпишал нов договор, но точно е дека сме во преговори на таа тема2 – рече Роси кога беше запрашан околу тимот на Петронас Јамаха.