Тоа што си му на Кристијан Роналдо син си има предности но не и да не го почитуваш законот, и притоа да минеш неказнето.

Португалцската полиција ќе истражува како тоа десетгодишниот син на легендарниот сега веќе нивен фудбалер е снимен како вози воден скутер, и тоа во близина на пливачи и други превозни средства на вода.

Притоа нормално немајќи никаква дозвола ниту право на такво нешто, затоа што се работи за дете!?

Семејството на Роналдо во моментов се наоѓа на неговиот роден остров Мадеира, а таму нормално се следени во чекор. Што ли мислеа останатите возрасни околу младиот Роналдо Јуниор ќе треба да и одговорат на полицијата но во секој случај вакви нешта не му се потребни на инаку беспрекорниот имиџ на Кристијано Роналдо.