Во Јуве не кријат дека воопшто не се задоволни од работата на Маурицио Сари. Па така и да ја освои титулата тешко дека тој ќе остане на клупата на клубот од Торино и во наредниот период. Можеби затоа газдите на Јуве, пред се Ањели, има план, а тој се вика – Андреа Пирло. Едноставно сака да ги имитира Барса и Реал, кои прво ги школуваа Пеп Гвариола и Зинедин Зидан, а потоа им дадоа шанса да блеснат како тренери во првиот тим.

Планот е Пирло прво да биде тренер на Јуве У-23, за да потоа го преземе првиот тим на “бјанко – нерите“.

Секако дека сега на ред е Пирло да се докаже и покаже, прво со младите а потоа да добие шанса да го води првиот тим на еден од најголемите клубови во светот.

На Барса и на Реал, со Пеп и Зизу, тоа им успеа, времето ќе покаже дали тоа ќе му успее и на Андреа Ањели, на кого се чини му “прекипи“ од тоа за кусо време да менува тренери.