Како што и беше планирано, утринава експедицијата на Шкупи отпатува за Охрид, каде во наредните две недели ќе ја одработи најважната фаза од тековните подготовки. Отпатуваа 22 фудбалери, стручниот штаб и техничкиот персонал. Инаку место со Борец, екипата на стратегот Муарем Бајрами првиот тест ќе го има со Охрид, домашниот второлигаш, и тоа задутре.

Кога сме кај Шкупи да напоменеме дека чаирачани и ова лето, третпат во низа, ќе излезат на европската сцена и тоа во квалификациите во Лигата на Европа.