Манчестер Сити се спаси од двегодишна забрана за настап на европските натпреварувања под капата на УЕФА, како и голема парична казна. ЦАС одлучи дека премиер-лигашот не треба да биде суспендиран и покрај тоа што е утврдено дека е повредено фер-плеј правилото. „Граѓаните“ на крајот се извлекоа со парична казна од 10 милиони евра.

Оваа одлука дел од фудбалските имиња ја поздравија, дел ја критикуваа. Јирген Клоп е задоволен, според него доколку Сити останеше без обврската во ЛШ, во тој случај никој немаше да дојде до титулата во англискиот шампионат.

„Среќен сум што Сити и во следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Да имаше 10 или 12 натпревари помалку во сезоната, никој нема да можеше да дојде до титулата, вели Клоп.