Кривична против охриѓанец кој затаил данок во висина од над два милиони денари

14.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична против охриѓанец кој затаил данок во висина од над два милиони денари

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 40-годишник и против правно лице од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело даночно затајување.

Пријавениот, со цел да одбегне делумно плаќање на данок и придонес, приложил лажни податоци за своите приходи и за приходите на правното лице, на име на данок на добивка и персонален данок на доход.

Со тоа, пријавените го оштетиле државниот буџет и се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 2.043.369 денари.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата