Тимот на Шкендија ги продолжува подготовките во домашни услови по престојот во Маврово, а она што е битно е дека целокупниот екипаж е негативен на последните тестови за коронавирусот.

Од клубот велат дека ова е одлична вест со оглед на проблемите кои беа присутни изминатиот период и дека Шкендија и натаму ќе направи се за ситуацијата да остане каква што е во моментов.