НБА лигата донесе одлука со која ќе ги казнува играчите за кршење на карантинот од 30 јули па натаму.

– Од 30 јули кошаркарите ќе бидат казнети ако го прекршат карантинот. За секој пропуштен натпревар ќе изгубат еден процент од платата. На пример, Ришон Холмс, кој претходно го прекрши карантин, би платил по 50.000 долари за секој пропуштен меч, напиша Маркс на Твитер.

Центарот на Сакраменто, Ришон Холмс стана првиот играч на лигата што ги прекрши правилата за карантин. Тој го напушти кампот во Орландо, за да ја земе нарачаната храна. Во Орландо се наоѓаат сите тимови пред продолжение на сезоната, закажано за 30. јули.