ТРГНАЛ ПО ХРАНА, ЗАВРШИЛ ВО КАРАНТИН - Не му помага ни тоа што е НБА ѕвезда

14.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРГНАЛ ПО ХРАНА, ЗАВРШИЛ ВО КАРАНТИН - Не му помага ни тоа што е НБА ѕвезда

Ришон Холмс, центарот на Сакраменто Кингс  ќе ги помине следните осум дена во карантин, бидејќи прекрши правило во „Дизни Светот“ во Орландо.

Кошаркарите на НБА се во споменатиот комплекс во кој ќе го поминат следниот период за да ја завршат тековната сезона, а челниците на најсилната кошаркарска лига прават се за да го задржат ризикот од инфекција со коронавирус што е можно пониско.

Токму затоа Холмс нема да може да излегува надвор во наредните осум дена, затоа што тој кратко го напушти „Дизни Светот“ да земе храната од доставувач.

Холмс бил во контакт со доставувачот и иако нема симптоми на коронавирус, НБА го казни со  карантин.

- Во воведните денови на карантинот, јас ненамерно го напуштив кампусот за да земам храна. Во моментов сум во карантин и ми останаа осум дена. Се извинувам за оваа постапка и не можам да дочекам да се приклучам на тимот - напиша Холмс.

Кошаркарите на НБА лигата пристигнаа во Орландо пред неколку дена, а сезоната треба да започне на 30 јули.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата